Вознемирувачки вести што будат мемории од ланската пролет доаѓаат од Норвешка.
Норвешкиот шампионат е прекинат, се се бројат резултатите само од 14 одиграни кола, другите се бришат. Регуларен шампион е тимот не Елверум. Лигата се проширува на 14 екипи (годинава имаше 13), а последните три тима ќе играат бараж соодветно со прволигашките екипи.
Норвешка е државата со најстроги мерки, но е и најпринципиелна во нивното спроведување (Лик Абало се уште не може да влезе во Норвешка) и тоа не остави многу простор за да може првенството регуларно да се доигра. Едноставно, за нив е преголем ризик и решија да стават крај.
Информацијата е вознемирувачка затоа што буди мемории од ланската пролет кога едно по едно беа прекинати сите првенства. Годинава сигурно нема да биде така, се надеавме дека Норвешка (ќе) е прва и единствена по ова прашање.