СЕХА „Ф4“ ќе се игра во септември?

Рускиот портал „Брз центар“ го иинтервјуираше потпретседателот на СЕХА Газпром Борис Сапожњиков, а тој како и секогаш имаше интересни детали за јавноста. Издвојуваме:



- Не е официјално потврдено, но се очекува некои од натпреварите од завршната фаза на годинешната СЕХА Гаспром да се играат во јули или август, а финалниот турнир - СЕХА Ф4 да се одржи во септември. 

- Годинава нема екипа од Кина, но определбата на СЕХА да соработува со Далечниот исток не е откажана. Напротив, не само што смета на клуб од Кина, туку можно е да има и учество на тимови од Јужна Кореја и Јапонија. Враќање на ЦСКА Москва за пост ковид сезоната е исто така на маса. 

- Останува идејата и за ширење кон запад. „Би сакал Флензбург да игра во СЕХА“, изјави Сапожњиков. Одамна познато дека постои начелна заинтересираност и можност во СЕХА еден ден да игра и Барса. 

- СЕХА Газпром ја нема повеќе на ehftv.com, но СЕХА развива сопствена медиумска платформа и кога ќе се средат Ковид проблемите, таа би требало да профункционира. 

- Можеби најважно од се, Газпром останува зад СЕХА. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk