Денеска ќе се комплетира второто Плеј оф коло во машката Супер лига. Се играат и натпревари од Плеј аут шампионатот.
Годинава, по неколку сезони комплетна доминација на Вардар, во домашното првенство ќе имаме дерби за шампионска титула.
Еден од актерите пак ќе биде Вардар, а другиот, по речиси 15 години одново е Е. Пелистер.
Двата тима денеска ќе се загреваат за дербито што наскоро ќе биде на програмата. Имаат и солидни противници што ќе исцедат доста пот од фаворизираните кандидати за титула.
Е. Пелистер на домашен терен го пречекува скопски Бутел Скопје, екипа што полека го враќа сјајот на машкиот ракомет од „таа“ страна на Вардар, додека Вардар ќе гостува кај Раде Стојановиќ во Охрид, состав што заслужува респект и што може да го направи денот поинтересен.
Скопско дерби има во Плеј аут, а се среќаваат Јуниор Кисела Вода и Работнички, додека голема битка ќе има во Богданци каде домашниот тим со невообичаена комбинација на млади играчи, ветерани и странци го чека некогашниот број еден охридски кормилар Горан Андоноски сега во улога на командант на чета од Кавадарци.
Проектот Голден Арт КЛ7 следниот чекор кон созревање ќе го има на југот, во Струмица, каде Астраион ќе се обиде да им ги помрси сметките.
21.03.2021 - НЕДЕЛА
(16:00 часот) РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР - РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
(18:00 часот) ГРК ОХРИД - РК ВАРДАР 1961
СУПЕР ЛИГА МАЖИ - ПЛЕЈ АУТ - КОЛО 3
(17:00 часот) РК АСТРАИОН ХЕНДБОЛ - ГОЛДЕН АРТ КЛ 7
(17:00 часот) РК МЛАДОСТ 1977 - ГРК ТИКВЕШ 2014
(18:00 часот) РК ЈУНИОР К.В - РК РАБОТНИЧКИ