Нема опуштање: Против Грција за три од три

Со обезбеден бараж за СП и улога на голем фаворит, Македонија денеска го игра третиот меч од квалификациите. 
Противник е Грција, отпишан тим без шанси, но кога играат Македонија и Грција, нема ревијалност, туку борба. 



Нови две измени има Симе Симовски во составот за дуелот со Грција. На последниот меч ќе одмораат Ивана Гакидова и Матеја Серафимова, а нови имиња во тимот се Милица Николиќ и Драгана Петковска. 

Дуелот со Грција резултатски е ревијален, но на терен нема да биде така. Симовски најавува сериозна игра и пристап на секој, вклучително и на овој меч. 

„Искрено, ќе играме на резултат. Имам стратегија за помладите играчи, не се заборавени и ќе добијат шанса, но мора да го чувствуваат притисокот и да научат да се изборат со него. Се пласиравме во бараж, но тоа не значи дека ќе се опуштиме, играме за држава, а тоа значи максимум на секој натпревар“, вели селекторот. 

Дуелот со Грција, како и претходните два ќе почне во 17:00 часот, а директен тв пренос ќе има на МРТ: 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk