Србија остана без Олимписки игри

Русија и Унгарија се патниците за Токио од квалификацискиот турнир во Ѓер. Отпаднаа Србија и Казахстан. 
Вчера Србија беше поразена од Русија 24-29, а денеска поубедливо загуби од Унгарија 23-31 и нивниот олимписки сон заврши. 



Шпанија и Шведска вчера одиграа нерешено, а денеска Шведска славеше убедливо 34-21 над Аргентина, па доколку Шпанија не си дозволи лусуз за загуби од аутсајдер како Аргентина и во оваа група е се познато. 

Ц. Гора ја совлада Норвешка со шест гола разлика (27-21) во група во која е уште и Романија. Норвешка славеше победа над Романија од 29-24, па така најверојатно од оваа група Ц. Гора и Норвешка ќе одат на ОИ.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk