Изјави на дел од актерите на натпреварот Металург - Адемар (27-27)
ОЛИВЕР ДИМИТРИОСКИ: За мене е голема чест што успеав да освојам бод против едев ваков голем тренер. Задоволен сум од првото полувреме, а во вториот дел падна малку ритамот. Но, заморот го направи своето. Сепак, на крајот сум задоволен како се одјавивме од оваа европска кампања со еден освоен поен
ДАНИЕЛ ДУПЈАЧАНЕЦ: „Му посакувам среќа на Адемар Леон, се надевам дека овој тим ќе успее да дојде што е можно подалеку во Европската лига. Што се однесува до денешниот натпревар, можам да кажам дека сум горд на соиграчите. Одигравме машки, изгинавме на терен. Во првиот дел бевме одлични. Можеби со мали избрзани грешки, си создадовме да немаме повисока разлика. Адемар беше подобар во вториот дел, посебно во одбраната, нас не стигна заморот.
Заморот е оправдан во овој момент, ние до пред три дена бевме далеку од комплетни на тренинзите. Бодот радува, малку ми е жал што не победивме, меѓутоа на крај мора да биеме задоволни од она што го постигнавме затоа што Адемар водеше со два гола пред влезот во последната минута. Сега ни останува да се фокусираме на домашното првенство, ова беше добра увертира пред стартот на плеј-офот“
МАНУЕЛ КАДЕНАС: „Беше тежок меч и за двете екипи. Металург е надвор од конкуренција за плелјфоот, ние одиме понатаму. Во првиот дел Металург беше подобар противник, но ние се вративме во второто и одигравме подобро. Судиите судеа доста лошо, нивните одлуки влијаеја на квалитетот на натпреварот. А, не може да се игра добар натпревар, ако се нема добри судии“
ДИНО СЛАВИЌ: „Очекувавме ваков тежок натпревар. Честитки за Металург за бодот. Примивме два гола во една минута. Не беше добро за нас. Но, среќни сме затоа што освоивме бод и тоа е тоа. Ни требаше еден бод да го осигураме второто место и задоволни сме и со ова реми“