ВНИМАНИЕ ОБЛОЖУВАЧИ: ГОГ ќе игра „едно“ полувреме

Денеска се играат натпреварите од последното коло од групната фаза од Европската лига, плус два меча од Лигата на шампионите. 
Средбите од последното коло даваат можност за калкулации, а сега во таков контекст е ривалиот на Пелистер, ГОГ. 



Не дека и со најсилен состав и 100% мотивираност ГОГ би го добил РНЛ на гости, но сегашната ситуација ги предизвика данските новинари да го прашаат ГОГ дали „намерно“ ќе загуби во Германија. 
ГОГ со победа во Германија би го осигурал второто место во групата, со пораз би бил трет. Второ место за противник го носи Монпеље, третото - ЦСКА Москва. Данците повеќе сакаат да играат со Русите. 

Покрај повредениот Андерс Закаријасен во тимот го нема ниту Матијас Гидсел, новата ѕвезда од СП Египет. 

„Ќе се бориме за победа. Но, овој меч не ни е резултатски битен, па така многу играчи ќе бидат дозирани. Најсилната постава ќе игра во првото полувреме, потоа шанса ќе добијат другите, што не значи дека тие нема да се борат за победа“, изјави тренерот на ГОГ. 

Пред да уплатите, имајте предвид дека и РНЛ најави дека ќе се штеди на овој меч затоа што му следат тешки натпревари. Кај нив од тимот е изоставен голманот Андреас Палицка. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk