Раул уште две години во ПСЖ

Тренерот со кој Вардар ја освои првата шампионска титула, го продолжи договорот со Пари Сен Жермен.



Раул Гонзалез, тренерот со кој Вардар во 2017 година стана европски првак, останува на чело на францускиот ПСЖ и во следните две сезони. 

Утрово парискиот клуб објави дека Раул ќе биде нивни тренер и во следните две сезони. Од доаѓањето во Париз во 2018, Раул имаше три неуспешни обиди да го повтори со ПСЖ успехот постигнат со Вардар, но парижаните имаат доверба во Шпанецот. 

„Тука сум три години и длабоко се поврзав со тимот. Имаме потенцијал за големи дострели и со играчите и целата логистика што е на располагање ќе бидеме одлучни во освојувањето на сите достапни пехари“; изјави Раул. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk