ЕХФ го смири Флензбург со два бода, Сегед бесен

Флензбург се побуни за процедурата за доделување службени бодови, наводно не била транспарентна и во договор со клубовите. ЕХФ побара демант и кога помисливме дека ќе се „скараат“ вистински, Германците на нетранспарентен и без договор со клубовите начин добија два бода од мечот со ПИК Сегед. Овој пат си молчеа, не им сметаше нетранспарантноста. 



ПИК Сегед според договорот и обврските пријави дека има позитивен член во тимот. Тоа е тренерот Хуан Карлос Пастор, но играчите беа негативни и спремни да играат. 
ЕХФ експресно, вчера одлучи средбата да биде откажана, а денеска им додели два бода на Германците. 

Унгарците се бесни, но освен што ја раскажа ситуацијата и и покажа гнев, претседателот на клубот се воздржа од повеќе коментари. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk