Топ трансфери: ПСЖ „капариса“ голман, Кил го задржа крилото

Продолжуваат поместувањата на трансфер пазарот, што имаат ќе кулминираат откако ќе заврши и втората Ковид сезона



Неодамна ГОГ објави сензационален трансфер на Торбјорн Бергеруд, норвешкиот голман, од Флензбург во ГОГ. Но, нема долго да се радуваат на интервенциите на Норвежанецот во Данска. Ако оди по планот, тој ќе остане таму само една година и потоа се сели во ПСЖ. 

ПСЖ со смената на Бруно Мартини и доаѓањето на Тјери Омејер ќе доживее низа трансформации. Не само што заминува Микел Хансен, ќе има уште заминувања. 
„Ќе има уште потреси во 2022 година“,пренесоа неколку медиуми изјава на Бакти Онг. Тој е менаџер на браќата Карабатиќ, а нивните договори истекуваат во 2022. 

Кил потпиша договор со шведското крило Никлас Екберг за уште една сезона. Кога ќе ја одработи ќе стане четвриот играч што минал повеќе од 10 години во дресот на „зебрите“. 

Поранешниот играч на Металург, Црногорецот Владан Липовина потпиша нов двегодишен договор со екипата на Балинген. Нов едногодишен договор доби исландскиот играч Одур Гретарсон. 

Татран Прешов го раскина договорот со Тунижанецот Џихед Џабалах. Тој има повреда на грбот поради која нема да може во брзо време да се врати во форма. 

Црногорскиот репрезентативец Марко Ласица (33) од денеска е нов член на Партизан. Тој досега играше во романската екипа Фагараш, екипа што реши да ги крати платите на играчите и тоа стана причина за разделбата. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk