СЕХА: Вардар се спаси од двоцифрен пораз

МОТОР - ВАРДАР   30-23 (16-9)
Горига 6, Бурзак 6, Миноцкиј 6 - Шеваљевиќ 5, Талески 4, Димитриоски 4



Долго време Вардар не одиграл на вака лошо ниво натпревар, не само во СЕХА, воопшто. На гостувањето во Запорожје, црвено-црните во првите 10 минути не постигнаа гол, примија 6 и практично уште тогаш беше решен победникот. 

Кога е во прашање Вардар, кам-бек не е невообичаена работа, но овој пат изостана резултатскиот приклучок, туку натпреварот се сведе на битка негатвата да не биде двоцифрена. 

Водеше Запорожје со 9-2, 10-4, 12-5 за конечни, по 30 минути игра 16-9. 

Во вториот дел само еднаш Мотор поведе со 10 гола разлика (23-13), а потоа до крајот на натпреварот во неколку наврати Вардар успеваше негативата од 9 да ја врати на 8 гола и така се до крајот кога врза два напада и намали на конечните 23-30. 

Севупно, натпревар што треба што побрзо да се заборави во пресрет на дуелите со (најверојатно) Веспрем во ЛШ и со Е. Пелистер во Супер лигата.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk