ФОТО: Второ сито за Генерација 2004

Нов момент во македонскиот ракомет е формирањето на две женски репрезентации. Девојки родени во генерациите 2004/05 и генерациите 2006/07



Во октомври минатата година РФМ спредвде поширока акција меѓу тренерите и клубовите за селектирање на женските репрезентации од генерациите 2004 и 2006 и помали. 
Широкиот избор броеше над 100 ракометари што клубовите и тренерите ги предложија како потенцијал за репрезентацијата. 
Денеска и утре во Скопје се спроведува нова акција, која е всушност втор филтер за генерацијата 2004. Над 40 ракометарки (44), се во „Јана Сандански“ каде што ќе покажат што знаат и умеат пред неколку тренери одбрани да ги водат како тим за оваа акција. Меѓу нив се Анжела Платон, Силвана Карбеска, Александра Здравевска. 

Претседателот на РФМ Живко Мукаетов, генералниот секретар Филип Милошевски и директорот на репрезентацијата Левче Китевски се присутни на тренингот и им дадоа поддршка на девојките и формална, сериозна нота на овој собир и гаранција дека РФМ води посебна сметка за развојот на женскиот ракомет. 

На трибините, пак, во својоство на гости се неколку женски ракометни тренери што ги следат младите ракометарки и ќе имаат што да подвлечат, запишат или заокружат во своите нотеси, па сето ова е еден добро организиран настан што допрва ќе има свое продолжение. 

Овие репрезентации немаат селектори, тие ќе бидат дополнително одредени со одлука на УО на РФМ. Планирани се вкупно пет т.н. филтри низ кои ќе минат играчите додека се дојде до финалната селекција 





 

Галерија

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk