Е, ПЕЛИСТЕР - ТАТРАН ПРЕШОВ 28-16 (11-7)
Хендави 1 (15 одб), Граџан 7, Периќ 6 - Рабек 6, Пачеко 5
Пелистер игра во се подобра форма и тоа е одлична најава за елиминациите во ЕХФ Куп и за претстојните дуели со Вардар во Супер лигата.
Вечерва во Битола се изгоре екипата на Татран Прешов, во рамки на СЕХА Гаспром лигата. Словаците во Битола допатуваа со 11 ракометари, а против ваков Е. Пелистер со „таков“ ростер може да доживеат и повисок пораз.
Гостите отворија со водство од 4-2 и 5-3, а откако битолчани израмнија на 5-5, натаму се беше во нивни знак.
Во првиот дел, сепак, доминацијата не беше толку изразена. Тоа дојде подоцна. По 11-7 на полувреме, Еурофарм Пелистер прв пат стигна до двоцифрена предност во 49 минута (22-12).
Хендави царуваше на голот и средбата ја заврши со 15 интервенции и еден постигнат гол, додека на терен пикерот Граџан покажа дека е во врвна форма и имаше 7/8 во победата која конечно беше заокружена на 12 гола разлика (28-16).