ШАМПИОН - МЕТАЛУРГ РА 26-26 (15-11)
Дрпљанин 10, Миланов 4 - Димевски 8, Николов 4, Андревски 4, Прцуловски 4
Вистинска драма се одигруваше во „Антон Димитров“ во која на крајот, екипите на Шампион и Металург РА ги поделија бодовите (26-26).
Шампион отвори подобро, предводен од Есад Дрпљанин (10 гола) домашниот тим поведе со 5-2, 8-5, 12-9, на полувеме и со 15-11.
Највисоката предност Шампион ја имаше на почетокот на вториот дел (17-12), а потоа почна да се доближува Металург. Откако по 20-17 гостите со серија од 3-0 израмнија, почна игра гол за гол. Металург само еднаш поведе, 26-25 и малку недостасуваше да ги однесе бодовите, но домашниот состав израмни на 26-26 што беше и конечниот резултат.