Вардар против Веспрем или против Кил?

Со распределбата на бодовите од неодиграните натпревари во Лигата на шампионите, Вардар во моментов има 9 бода и останува на претпоследното место кое за противник во елиминациите го носи - Веспрем. 



ТАБЕЛА:
1. Келце 19
2. Флензбург 17
3. ПСЖ  15
4. Пик Сегед 12
5. Мешков Брест 11
6. Порто 10
7. Вардар 9
8. Елверум 5

Вардар има уште еден меч за играње, со Мешков Брест во Скопје. Со победа (над два разлика) би можел да ги мине и Белорусите на табелата и да стигне до петто место. Но, тие чекаат службени бодови од неодиграниот дуел со Порто, па така ќе станат недостижни. 

Вардар со победа би се пласирал на шестото место, пред Порто, под услов Португалците да не одиграат ниту со Елверум. Но, засега не се знае што ќе реши Порто, дали ќе игра со Елверум или не. 

Така на Вардар му остануваат само две варијанти. Или ќе заврши на седмото или на шестото место. Ако заврши на седмото тогаш за противник во елиминациите го добива тимот на Веспрем. 

Ако заврши на шестото место, тогаш најверојатно ќе игра со Кил.  Германците имаат уште два меча за играње, на домашен терен со Целје и ППД Загреб што веруваме дека ќе ги добијат и ќе избијат пред Алборг на табелата со 16 бодови. Ако „кикснат“ или не одиграат, тогаш Вардар би играл со Алборг. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk