Трагедија: Почина Алфредо Кинтана

Голманот на Порто и на португалската репрезентација Алфредо Кинтана, денеска почина во болницата во Порто на возраст од 32 години. 
Овој пат не се работи за лажна и непроверена вест, за жал тажната вистина ја соопшти и потврди Порто. 

Алфредо Кинтана, роден Кубанец со португалски пасош, имаше срцев напад за време на тренинг, во понеделникот. Беше хоспитализиран, но му беше откриен и едем на мозок, по што беше во вештачка кома, а докторите се бореа за неговиот живот. 
Денеска ја загуби најважната битка. 
Нека почива во мир. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk