Флензбург - Вардар 0-10, Е. Пелистер - РНЛ 10-0...

Европската ракометна федерација денеска донесе одлука за службени резултати за натпреварите од Лигата на шампионите и Европската лига. 
Три македонски екипи играат во Европа во моментов и сите три имаат неодиграни натпревари. 



Вардар има најмногу неодиграни натпревари и најмногу ќе профитира, затоа што добива службена победа над Флензбург. Драгоцени се оние 10-0 против Флензбург за меч што требаше да го игра во Германија. 
Но, од четирите бода во игра за двата неодиграни меча со ПСЖ. Вардар ќе добие само еден бод. 
Еден меч е регистриран со победа на ПСЖ. 

Резултати:
ПСЖ - Вардар 5-5 (по еден бод за двата тима)
Вардар - ПСЖ  0-10
Флензбург - Вардар 0-10
Е. Пелистер - РНЛ 10-0
Металург - Тулуз 10-0


Слично е и за Е. Пелистер кој со 10-0 слави победа над Рајн Некар Ловен, нешто што на терен е нереално да се очекува, исто како и победите на Вардар на пример. 

Прва победа во Европската лига запиша и Металург и тоа над Тулуз, 10-0, но нема да му завршат никаква работа овие два бода на тимот од Автокоманда. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk