Квалификацискиот турнир за машките репрезентации на Норвешка, Чиле. Бразил и Ј. Кореја требаше да се игра во Норвешка. Но, Ковид го пресели на невообичаено место - во Црна Гора.
Ковид ги измеша коцките на таков начин што речиси секојдневно слушаме за одлуки што во нормалниот свет, пред корона, ќе беа пишувани од СФ мајстори.
Турнирот за пласман на ОИ што требаше да се игра во Трондхајм, поради законите во Норвешка е преместен и доби нов домаќин.
Новиот домаќин е верувале или не - Црна Гора.
Сагосен, Бјронсен, Бергеруд и така натаму, ќе допатуваат во Подгорица каде за двете места за Токио ќе се борат со Чиле, Бразил и Јужна Кореја. Средината на март е терминот за одржување на овој турнир.