Миркуловски се враќа, Јоновски, Ангеловски и Црвенкоска во штабот

Филип Миркуловски се враќа во репрезентацијата. Нема да игра против Данска, за овие средби ќе биде играч-тренер, но за дуелите со Финска и Швајцарија би можеле да го имаме во тимот!




„Бомба“ од Кирил Лазаров. Филип Миркуловски е во стручниот штаб на решрезентацијата, но како играч-тренер. Нема да биде во тимот за дуелите со Данска, го нема меѓу 35-те ракометари, но би можел да биде во составот за средбите со Швајцарија и Финска. 
Ова е првиот голем чекор на Кирил Лазаров кон реализацијата на проектот ЕП 2022, на кој ништо нема да биде препуштено на случајот. 

Во стручниот тим на Лазаров се уште и Бранко Ангеловски, поранешен репрезентативец, потоа Аце Јоновски прекалениот дефанзивец и тренер во Германија и Билјана Црвенкоска која од Вардар се пресели во Голден Арт КЛ7, а сега и прв пат во машката репрезентација. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk