Лазаров ги подели првите 35 дресови

Новиот селектор на Македонија, Кирил Лазаров, денеска го објави првиот список на играчи за репрезентацијата што ќе биде под негова команда. 
Списокот е широк, 35 играчи со се селекторот кој е играч-тренер се наоѓаат во поширокиот избор. 




Единствените измени во однос на составот што играше на СП е изоставувањето на Никола Даниловски и наДарко Георгиевски од тимот. За Георгиевски можеби и не претставува големо изненадување затоа што е повозрасен играч кој имаше свое место во тактичката замисла на претходниот селектор, додека кај новиот идеите се поинакви. Лазаров пак се реши за поинаква голманска комбинација во која го нема Даниловски, но повикани се Кизиќ, Чаневски и Петковски. 
Има нови имиња, претеѓно на млади ракометари како дел од најавениот процес на подмладување, но ќе потсетиме дека ова е поширок список, каква ќе биде вистисната физиономија ќе видиме кога ќе биде објавена скратената верзија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk