Вардар (по)добар 45 минути, но решија лошите 15

ПИК СЕГЕД - ВАРДАР  34-33 (17-19)
Кантегрел (14 одб), Кизиќ,  Чупиќ 9, Стоилов 6, Јотиќ 5, Дибиров 5, Калараш 4, Георгиевски 2, Шеваљевиќ 1, Гаџа 1, Талески, Димитриески, Векиќ, Мишевски Валчак, 



Вардар е поразен од ПИК Сегед и во Унгарија на натпревар на кој имаше услови за драма, но Вардар не успеа да го издраматизира финишот. Петнаесетина лоши минути на почетокот на вториот дел беа клучни за победникот, иако во другите 45 минти Вардар беше подобар. 

Двата тима во првиот дел одиграа со релаксирани одбрани што резултираше со голем број на постигнати голови. 
Вардар одлично се снаоѓаше на теренот. Предводен од незапирливиот Иван Чупиќ и во првиот дел одличниот Ловро Јотиќ, Вардар по воведните минути и почетна контрола на домашните што траеше 12-тина минути израмни на 7-7, а потоа премина во водство од два гола разлика што ја задржа до крајот на првиот дел што заврши со резултат 19-17 за Вардар. 

ПИК Сегед почна фуриозно во вториот дел. Нивната одбрана профункционира, Миклер почна да брани во висок стил, а домашните да постигнуваат и лесни голови и покрај одличниот Кантегрел на голот. За само три и пол минути ја анулираа предноста на Вардар, а по 15 минути имаа водство од 27-21. 



Безизлезната ситуација за кратко време се претвори во шанса. Сегед одново успори, а Вардар успеа да се врати во игра и да пристиска за реми. Кантегрел со својата 14 одбрана му даде шанса при 29-31 на Вардар да намали, а тоа го стори со својот прв гол Анте Гаџа и Вардар одново беше во игра. 
Кањељас зголеми на 32-30, потоа Миклер му одбрани шут на Калараш, но тука не беше крајот, туку Сегед „кискна“ во напад и овозможи контра напад на Дибиров за 31-32. 
По ова Шоштариќ зголеми нза 33-31 од пенал притоа и Шеваљевиќ беше исклучен, а до крајот веќе немаше дилеми кој ќе ги освои бодовите. Сегед имаше се под контрола, поведе со 34-32, а Вардар успеа само да намали.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk