ИХФ подготвува сет нови правила или модификација на постоечките што ќе бидат презентирани во јули 2022 година (правила не можат да се менуваат во олимписка година).
Дозволена измена на голман со кој било играч, популарно наречена „7 на 6“ останува на сила и ќе биде актуелна и во следниот олимписки циклус. Воведување на временско ограничување (shot-clock) или трет судија, нема да бидат на дневен ред, како што дознаваме, барем досега.
Планирано е поостра санкција за шут што завршува во лице на голманот. Во моментов за такво нешто се добива црвен картон доколку е од седмерец и голманот е статичен.
Во иднина и за шут од игра доколку играчот не е под фаул ќе има санкција. Во прв момент - 2 минути.
Сигурни сме дека први што ќе го имплементираат ова ќе се Швеѓаните каде се крена голема врева откако на мечот Истад и Малме тројца од четирите голмани го завршија мечот со потрес на мозок поради добиен удар со топка во лице. Двајца од нив, не можеа ни да го завршат натпреварот.
Друга промена што се заговара - договара е намалувањето на бројот на додавања по сигнализирање на пасивна игра на четири.