Шведска беше во големи проблеми пред СП. И откажаа девет играчи кандидати за првиот тим. Сега се сврте тркалото.
Глен Солберг, норвешкиот тренер кој ја води селекцијата на Шведска беше во многу незавидна ситуација на неговото деби како селектор на СП. Му откажаа девет играчи, сите до еден кандидати за првиот состав. Меѓу нив и имиња како Андреас Нилсон, Лукас Нилсон, Никлас Екберг...
Шведска отиде со втор тим и стигна до финалето на мундијалот. Сега се на ред квалификациите за ОИ и евентуален настап во Токио. Претходно имаат и меч со Црна Гора од квалификациите за ЕП 2022.
Глен Солберг, својата одмазда ја сервираше ладна.
Освен легендата Никлас Екберг кој го менува Валтер Кринц, ниту еден од тие што го откажаа својот настап на Светското првенство, не е во составот за квалификациите, а со тоа и за Олимписките игри во Токио.