Вечерва битолски Е. Пелистер го игра третиот меч од Европска лига во рамки на една недела. По трет пат Е. Пелистер игра во Битола, а гостин ќе биде данскиот тим ГОГ Гудме, екипа за која играат тројца репрезентативци кои неодамна станаа светски прваци.
Битолчани најавуваа дека Стипе Мандалиниќ нема да биде во тимот за овој натпревар поради повреда на стомачен ѕид, но тој денеска е во ростерот. Дали ќе игра или колку ќе игра ќе видиме вечерва, но со и без него, би направило голема разлика за Е. Пелистер. Томислав Кушан и Бојан Маџовски не се во тимот за вечерашниот дуел.
За екипата на ГОГ освен познатиот дански репрезентативец Андерс Зачаријасен, постоа Симон Питлик, синот на познатиот тренер Јан Питлик, па големата исландска голманска надеж Виктор Гисли Халмгримсон, па данската надеж Емил Ларке ги издвојуваме и триото златни од СП.
Централниот бек и довчера играч на Хановер - Мортен Олсен, левото крило кое следната сезона ќе игра за Флензбург - Емил Јакобсен и хитот на мундијалот, десниот бек Матијас Гидсел.
Натпреварот се игра во вечерниот термин, 20:45 часот.