Тешка повреда на екс играч на Вардар

Поранешниот бек на Вардар, Бразилецот Жозе Толедо, нема по добро да го памети светското првенство во Египет. 



Жозе Толедо се повреди на натпреварот со Унгарија. Настрада коленото на неговата лева нова. Самиот ја објави веста, во која вели дека ќе мора на операција, но засега не се знае колку долг ќе биде периодот на рехабилитација. 



Толедо дојде во Вардар од Полска, како потенцијално големо засилување и замена за Даинис Криштопанс. Но, поголемиот дел од сезоната го мина вон терен, повреден, опериран и потоа замина за Романија, каде што очигледно историјата ќе се повтори. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk