Начевски и Николов во 1/4 финале

Македонската судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска одново ќе ги видиме на терен. Судат натпревар од 1/4 финалето на мундијалот.



Судиската двојка Начевски и Николов денеска одново ќе бидат на терен во Каиро. Нашиот најдобар судиски пар ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Шпанија и Норвешка. Актуелниот европски првак против еден од најголемите фаворити за златниот дел на СП. 

Номинацијата за 1/4 финале е убава најава дека можеби ќе ги гледаме и на најважниот натпревар на Светското првенство, мечот што ќе се игра за шампионскиот пехар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk