Червар: Си одам, тоа е тоа!

Хрватска е поразена од Аргентина, шансите да се пласира во 1/4 финале сега им се победа над Данска и победа на Катар над Аргентина. 



Што и да се случи во последното коло, епилогот за Хрватска ќе биде единствениот. Лино Червар си оди од селекторската позиција. Нема да го одработи до крајот договорот, односно до ОИ Токио. 

„Заминувам по СП. Тоа е моја дефинитивна одлука. Нема да преспијам па да ја променам. Тоа е тоа. Ги молам луѓето од сојузот да ми најдат замена“, изјави Лино Червар. 




Лино Червар со многу притисоци и практично на сила беше преземен од селекторското место во Македонија во 2017 и насаден на истата позиција во Хрватска. Почетокот не беше ветувачки, во 2018 во Загреб не направија ништо посебно, но веќе во 2019 на СП Германија покажаа знаци на враќање на стари патеки за во 2020 на ЕП да игра во финалето и да го загуби буквално во последниот напад, по продолженија. 

Магијата се потроши таму, на овој мундијал беа непрепознатливи уште од првото коло, но се чекаше стариот волк да извлече нешто од ракав... и извлече, оставка. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk