Металург се разделува со еден од странските ракометари кои на почетокот на сезоната дојде во „Автокоманда“ како засилување.
Од екипата заминува црногорскиот пивот Бранко Канкараш.
За Канкараш има заинтересиран клуб, а Металург на позицијата пивот има двајца македонски ракометари што играат на линијата. Заеднички јазик, брзо беше пронајден.
„Донесовме заедничка одлука со ракометарот Бранко Канкараш дека е најдобро сезоната да ја доигра во клуб од кој што и играчот, а и ние добивме одлична понуда.
Лимитираноста во бројот на странци кои може да настапуваат во домашно првенство, беше причина Бранко да ги проследи натпреварите од трибини, што за играч од негов ранг е неприфатливо.
Од друга страна РК Металург има двајца мамедонски играчи на таа позиција. Со оглед на тоа дека ништо нема да се промени во вториот дел од сезоната, донесовме заедничка одлука сезоната да ја доигра во друг клуб со можност за враќање во Металург наредната сезона. Тоа би било со понаков играчки кадар за да може согласно правилото за странци да се извлече максимумот на секој играч во поглед на минутажата.
Во наредниот период Металург ќе ја засили бековската линија и оставам можност за трет голман.", изјави претседателот на Металург, Зорица Блажевска.