Капе Верде во карантин, Германија добива службено?

Целата екипа на Капе Верде, односно сите девет играчи што останаа негативни се во изолација и денешната средба со Германија (најверојатно) нема да се игра. 



Репрезентацијата на Капе Верде има двајца позитивни играчи и остана само со девет ракометари, недоволно за да се одигра натпревар на СП. 
Двајцата позитивни, пак, веќе имаат прележано Ковид, но нивните тестови сепак, беа позитивни и тие се во посебна изолација и ќе останат така додека немаат два негативни теста за доказ дека можат да излезат. 

Германија не сака да го игра денешниот меч со Капе Верде, а ИХФ го навлече и гневот на Унгарија која играше со нив во првото коло. 

Ако не се игра денеска, Германија службено ќе го добие мечот 10-0. Три неодиграни натпревари на Капе Верде ќе значи елиминација од СП. 
Капе Верде може да донесе нови играчи како замена, прашање е дали има такви на списокот, затоа што пред тргнување имаа шест позитивни играчи и четири во стручниот тим и досега не беа заменети. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk