Филип Кузмановски исто како и неговиот соиграч Филип Талески, а и селекторот Данило Брестовац, денеска не бараа изговори за вчерашниот дебакл.
Дури не штедеа ни зборови за тоа што го прикажаа и беа покритични и од критичари.
„Никогаш не сме отвориле полошо од сега, барем не откако јас сум репрезентативец. Не е изговор тоа што доцна дознавме дека ќе играме на СП и дека имавме патешествие. Сите минаа низ тоа. Ние не покажавме ништо ниту во напад ниту во одбрана. Некако и физички не издржавме, по 15 минута се појави некоја блокада и не можевме да се извлечеме од неа.
Ние не нарпавивме фаул цели 60 минути, тоа не недозволиво. Зборувам за сите, но почнувам од мене“, вели Кузмановски.
„Ако сакаме да направиме нешто повеќе против Египет, а потоа и против Чиле, мораме прво да ја заборавиме Шведска. Египет е фаворит, но ние треба да се поажеме во одрана. Кога ќе застанеш во одбрана мора да сакаш да ја играш. Таа се игра со срце, но извинете што вака ќе се изразам и со мадиња“, изјави Кузмановски.