Како се станува шампион? Наоѓаш тренер без искуство и одиш во Келн

Знаете како се станува шампион? Не зборуваме за легендарната реплика на Небојша Глоговац. Туку реалноста во Лигата на шампионите на ЕХФ. 
- Најдеш тренер без искуство и одиш на Ф4 во Келн. 



Три од последните четири шампионски титули во Лигата на шампионите ги освоија тренери дебитанти. Почна со Раул Гонзалез кој во Вардар дојде со празни страници во тренерското резиме и - стана шампион во 2017. 
Делото на Раул Гонзалез го продолжи Гарсија Парондо. Дојде во Вардар без трошка тренерско искуство, со се уште испотен дрес од играчката кариера и - стана шампион во 2019. 
Филип Јиха е третиот тренер дебитант. Една година трпеливо учеше на клупата на Кил, но диригентската палка ја држеше Гисласон. Годинава го пуштија малку да плива во длабокото и тој исплива со шампионски пехар. 

Меѓу овие тројца, како исклучок што го потврдува правилото или како некој споменик од минатото се постави Патрис Канаје. Тој е тренер на Монпеље од 1994 година.

Кој би можел да биде следниот тренер дебитант со шампионски пехар во рацете? 

Ако ја исклучиме теоријата дека Веспрем никогаш нема да биде шампион, тогаш можеби Ласло Наѓ. Тој е на прагот да биде именуван за тренер на Веспрем, а новиот Фајнал фор е за само шест месеци... 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk