Нов европски шампион е КИЛ!

КИЛ - БАРСА   33-28 (19-16)
Екберг 8, Сагосен 7 - Гомез 10, Мем 4, Арињо 4



Повторно во Келн падна фаворит. Кил е новиот европски шампион, Барса запрена, надиграна во финалето. Германскиот шампион одигра феноменална партија во која свој придонес дадоа сите на теренот, игра што многу не потсети на играта на Вардар кога ги добиваше мечевите во Келн, во поглед на мотивираноста, желбата, борбеноста, максимумот од секој на теренот... Подостојна замена за Вардар, нема во моментов. 

Барса вечерва не успеа да го наметне својот ритам и да го реши мечот на начин на кој што решаваше се минативе 16 месеци колку што нема пораз. 
Но, Пасквал не можеше да најде решение да одбраната на Кил. Неговите бекови беа исфрлени на 12-15 метри од каде ја немаа убоитоста, а и покрај тоа што во составот ги има Фабрегас, Сориндо и Фраде, не го видовме да се обиде длабоката зона на Кил да ја нападне со повеќе линиски напаѓачи. 



На спротивната страна, Кил играше дисциплинирано до максимум. Иако екипата е еден од пионерите на брзата игра, сега ги запираа нападите, не дозволуваа да се развие брканица на терен и се појавуваа херои... Малку Сагосен, малку Вајнхол, малку Екберг... 

Не изгледаше добро стартот на натпреварот за Кил кога по 11 минути хрватските судии му досудија второ исклучување на Сагосен. И двете беа за исклучување и двете беа престроги. Но, тоа како дополнително да ги спои во едно играчите на Кил. 
Внимаваа на секоја топка, на секој старт и кога поведоа со 13-9 и имаа контра напад срамежливо се најави изненадувањето. Но, Екберг во стил на голем лузер ја погоди стативата и неколку минути подоцна место 14-9, беше 13-12..
Но, остана Кил во игра, не дозволи Барса да направи пресврт и на одмор замина со водство од 19-16. Кил играше седум на шест долго време на овој натпревар, но прими само еден гол на празна мрежа. Податок што говори колку винмаваа и колку не ризикуваа во напад.




Кога се игра против Барса ниту една предност не е доволна, па така ни кога на 10 минунти до крајот Кил потроши пет напади на резултат плус 5 и не успеа да поведе со 6 гола разлика се чинеше дека ја предзвика среќата. 
Барса во еден момент намали на минус три (20-23), но тогаш се појави нов јунак во редовите на Кил - Никлас Ландин. Ги улови сите шутеви што беа закана за победата на Кил. Ги запре Раул, Циндриќ, Палмарсон, па дури и еден проектил на Дика Мем. 

Како одминуваше времето, моќната Барса изгледаше бледо, немоќно, надиграно... Речиси неверојатно, но... ќе има Хавиер Пасквал цели шест месеци до евентуалното соочување на новиот Фајнал фор да размисли и да научи како се игра против подлабока зона. Но, тогаш Кил ќе биде посилен за Билик, Хорак, Ландин... 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk