Утешната бронза за ПСЖ, Веспрем со празни раце

ПСЖ - ВЕСПРЕМ   31-26 (14-11)
Ремили 6, Пранди 6 - Лекаи 9, Маргуч 4



Пари Сен Жермен го совлада Веспрем и го освои третото место на Фајнал фор турнирот во Лигата на шампионите. 
Средбата беше, каква што може да се очекува од натпревар меѓу два тима што дошле за да станат европски шампиони, а неполни 24 часа подоцна, играат за трето место. Немаме замерка на борбеноста или мотивираноста, едноставно, не можеше да биде поинаку.

Раул на овој меч му даде поголема шанса на Пранди, а овој ракометар покажа дека има голем потенцијал во него, но му требаат минути за игра. Од друга страна и Гребиј доби поголема шанса и ништо не видовме, а уште помалку вдовме и од Полјакот Шипжак. 
Давид Дејвис, повторно со ротации својствени за него, но овој пат барем го видовме Јахија од прв момент. Иако овоја пат, не му одеше како вчера. Најголемо разочарување останува Петар Ненадиќ, односно Давид Дејвис ако не прашате нас, па веќе се слушаат најави од Унгарија дека тој ќе биде првиот што ќе ја плати сметката за овогодинешниот неуспех. 

Резултатки Веспрем на почетокот подобар, но како одминуваше времето, ПСЖ презема контрола и така отиде мечот до крајот. Немаше посебна жестокост, дуелите беа каде-каде послаби од вчера, Имашe 14-11 на полувреме парискиот тим, а во второто полувреме немаше ниту еден налет на Унгарците во обид да направат пресврт, туку и двата тима влегоа ви ритам што повеќе му одговараше на ПСЖ, па рутински би рекле ги одраборија минутите до крајот на сезоната во календарската година. 

Дејан Мансков постигна два гола на овој натпревар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk