Барса извлече џокер за финалето

Една измена има во екипите што денеска ќе играат за трето место, односно финале на Лигата на шампионите


На вчерашниот натпревар со ПСЖ, Чави Пасквал во тимот го вметна младиот Словенец Домен Макуц, а на сметка на тоа остана само со еден класичен десен бек во ростерот - Дика Мем. 

Французинот одигра одлична партија и не би погрешиле и ако кажеме дека беше најдобар на теренот, но за денешното финале ќе има и помош и ќе може да поседи на клупата. 

Пасквал направи една замена, Домен Макуц ќе биде на трибините, а во игра влегува сонародникот Јуре Доленец. Искусниот Словенец кој во Барса дојде како замена за Кирил Лазаров веројатно ја игра последната сезона за каталонскиот клуб (најавено е доаѓање на Мелвин Ричардсон) и сега ќе добие шанса да се закити со шампионска титула и тоа со одработени минути на теренот во големото финале. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk