Уште еден пикер и отажа на Германија за СП Египет

Селекторот на Германија, Алфред Гисласон, доби уште еден отказ. И тоа од играч што „најмногу“ му требаше. 



Трите најдобри германски пикери нема да настапат на мундијалот во Египет. Први откажаа Патрик Винцек  Хенрик Пекелер, а вчера, во сенка на Фајнал фор турнирот се појави и информацијата за трет отказ. 
Јаник Колбахер, стандарден пикер покрај Винцек и Пекелер му откажа на Гисласон. 

Линискиот напаѓач на Рајн Некар Ловен го нема КОвид 19 како оправдување, туку незалечената повреда на лакотот. 
Мориц Прајс (25) од Магдебург ќе го замени Колбахер на списокот на патници за Каиро. 

Ова е вкупно деветти отказ за Гисласон во пресрет на мундијалот. Претходно откажаа: Патрик Винцек, Хенрик Пекелер, Штефан Вајнхолд, Тим Сутон, Франк Земпер, Фин Лемке, Фабијан Виде и Себастијан Хејман.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk