Брестовац: Составот стратегиски, да им дадеме шанса да се докажат

Селекторот Данило Брестовац и РФМ денеска го објавија списокот на играчи што во јануари ќе одигра два контролни натпревари со Чиле во Скопје. 



Македонската репрезентација со доста изменет состав на 5 и 10 јануари ќе одигра два натпревари со Чиле, во Скопје. Овие средби на барање на гостите ќе бидат од затворен карактер. Тие ќе го испробуваат својот тим за настап на Светското првенство и сакаат да скријат некоја карта од љубопитните очи на противниците со кои ќе играат во Египет. 
Македонија, пак, официјално се подготвува за дуелите со Данска и чека шанса да се појави на мундијалот. И натаму сме прва резерва, но критичниот период почнува по празниците, кога сите репрезентации ќе играат контролни натпревари, а од позадина ќе ги демне Ковид 19. Ако ни се отвори портал кон Каиро, нема да бидеме неспремни.

На списокот на селекторот Брестовац овој пат ги нема Столе Стоилов, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски... 



„Овој список е составен така за шанса да играат и да се докажат добијат дел од играчите што се потенцијални репрезентативци. Имаме во составот играчи што треба да ги притиснат стандардните репрезентативци за место во тимот, а и во меѓусебната конкуренција да покажат на кого треба попрво да сметаме“, вели селекторот Данило Брестоавц. 

„Мораме да гледаме кон иднината. На овој собир формираме голмански квартет во кој се Митревски, Томовски, Даниловски и како резерва Петковски. Различен тип на голмани, различни предиспозиции. Кирил Лазаров во тимот е нормално да ни даде поддршка, но и сакам да видам како ќе функционираат покрај него одредени играчи, како ќе се вклопи се и направи таа целина. Сигурно дека тој ќе може и да одмори, резултатот навистина не ни игра улога, туку најважно е да видиме кој играч колку ќе пружи и како ќе се вклопи. Акцентот во овој состав е на играчи 96-97 година, имаме 98, имаме 2000.., Стратегиски, овие играчи наскоро ќе треба да бидат во поинакви и поважни улоги во репрезентацијата“, објасни Брестовац. 



Доколку Македонија добие покана за настап на СП, тогаш овој состав ќе се менува...

„Да, да. Овој состав е исклучиво за потребите за двата натпревари со Чиле. Ако одиме на мундијал списокот ќе биде поинаков. Но, засега не гледам друг начин како да ги внесеме сите играчи во тимот, да им дадеме и до знаење дека се смета на нив, дека не постои затворен круг од 15-16 играчи што се незаменливи. Сега ќе имаат тренинзи, два натпревари, потоа сликата ќе биде појасна“, изјави селекторот на македонскиот тим. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk