Кил во финале по епска битка со Веспрем

КИЛ - ВЕСПРЕМ  36-35 (29-29, 18-13)
Пекелер 8, Екберг 7 - Борозан 7, Маргуч 7, Манасков 2



Кил и Веспрем одиграа натпревар што е тешко да се опише со зборови. Ракометната убавица со се што може да понуди ракометната игра на крајот му припадна на Кил. Имаше повеќе среќа во продолжението и со минимален триумф од 36-35 оди во финале на битка со Барса. 

Многу поразлична беше оваа средба отколку дуелот Барса - ПСЖ. Овде одбраните доминираа, особено таа на Кил во првото полувреме. 
Веспрем немаше решение во нападот, одеше од грешка во грешка и стигна до 10-17, односно 13-18 на полувреме. 

Но, беше готово. Во вториот дел, Веспрем ја поправи својата одбрана, а во напад Омар Јахија заедно со Мате Лекаи и Вуко Борозан најдоа лек за зоната на Кил и не само што ја анулираа предноста туку дојдоа и до 28-24 и се чинеше дека Кил е готов. 

Но, не беше готово. Следеше серија од 6-0 на Кил и водство од 29-28, неверојатен пресврт со кој зебрите одново беа на чекор со финалето затоа што имаше посед на топка на помалку од три минути до крајот. И Јиха реши да ризикува со седум на шест, како обично бива им падна топката од раце и Веспрем имаше празен гол за израмнување. Во последниот напад на Кил, можеби имаше елементи за пенал, откако голманот Коралес украде некоја секунда, но не реагираа шпанските судии и средбата отиде во продолженија. 

Прв Веспрем поведе со два разлика 34-32 по пет минути игра. Но, одново, не беше готово. Следеше серија од 4-1 на Кил во вторите пет минути и водство од 36-35 што во последниот напад Веспрем не успеа да го израмни. 

Утре Веспрем ќе игра со ПСЖ за трето место, во големото финале ќе играат Кил и Барса. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk