Јапонците први доаѓаат во Каиро

Мундијалот почнува на 13 јануари, но една репрезентација ќе се аклиматизира десет дена во египетската престолнина.



Репрезентациите учесници на СП ќе настојуваат што подоцна да дојдат во Египет за го избегнат карантинот во кој ќе бидат додека трае СП, но има една екипа што би можела да влезе во „балонот“ уште на трети јануари!

Прва репрезентација што ќе ги тестира новите Ковид-обичаи во Египет и ќе биде доброволно десет дена пред стартот на СП, е Јапонија. 
Не се објавени детали дали Јапонците во „балонот“ влегуваат на трети јануари, веднаш по пристигнувањето,  иако не би имало многу смисол да не е така, или сепак, ќе бидат сместени во друг хотел, а во балонот ќе влезат откако ќе ги одиграат двете планирани средби со Египет. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk