Тиквеш му даде 40 гола на Металург и чека во редот за Плеј оф

ТИКВЕШ - МЕТАЛУРГ  40-38 (19-20)
Смиљаниќ 10, Симиќ 6, Ѓоргиевски 5 - Серафимов 9, Додиќ 8, Лазаревски 5



Тиквеш го совлада Металург (40-38) и ги задржа шансите за пласман во Плеј оф, воедно ова значи дека практично и го отпиша од таа трка тимот на Прилеп. А од прилепчани (мора да го победат Е. Пелистер 2) ќе зависи пласманот на кавадарчани во Плеј оф. 

Вечерва во Кавадарци гостуваше Металург и поразот би требало да звучи како сензација, иако не е така. Металург игра без странските засилувања (освен Додиќ). А без легијата е ранлив на лизгави терени како овој во Кавадарци.



Резултатски ролер костер беше натпреварот. Водеше домаќинот, водеше и Металург и тоа во неколку наврати се повторуваше (4-4, 7-10, 10-12, 13-16, 17-17, 18-17, 19-20, 24-22, 27-25, 29-30, 36-34, 38-38, 40-38)...

За Металург овој, втор домашен пораз, не менува ништо. Тие имаа обезбедено пласман во Плеј оф уште пред неколку натпревари и затоа и си дозволија луксуз да ги испратат странците дома за Божиќ и Нова година. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk