Место Русија на СП ќе игра тим на Руската ракометна федерација

ИХФ во соработка со Меѓународниот олимписки комитет и Олимпискиот комитет на Русија, постигна договор за околностите по кои Русија поради спорот (суспензијата) со Светската анти допинг агенција (ВАДА) ќе може да настапи на СП. 
СП на кое за да настапи доби вајлд карта од ИХФ. И тоа со образложение дека тоа ќе било од голема важност за развојот на ракометот. 



Екипата нема да се вика Русија, туку „Тим на руската ракометна федерација“. 
Скратената форма ќе биде RHF.
Секој државен симбол на дресот, знаме, грб мора да биде заменет со логото на Руската ракометна федерација, без текст. Алтернативно, можат да бидат остранети или покриени.
Терминот Русија треба да се избегнува во користењето во контекст на екипата, ракометарите итн. Тие таму ќе бидат неутрални спортисти.
Што се однесува до химната, се уште се бара солуција. Ако не се најде, тогаш место руската химна, ракометарите на руската ракометна федерација ќе стојат мирно за време на химната на ИХФ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk