Распоредот во февруари е нехуман и неодржлив

Откако донесе стратегија, односно план „Б“ за Лигата на шампионите, ЕХФ го „скоцка“ распоредот за Лигата на шампионите. Какви се шансите да успее, проценете сами. 



ЕХФ донесе одлука сите натпревари што нема да можат да се одиграат во Лигата на шампионите, да бидат решени со службени резултати и да се промени системот на натпреварување, со тоа што сите 16 клубови ќе играат елиминации. 

И ова ќе биде најверојатното сценарио, глдајќи го новиот распоред на натпревари во ЛШ. 

За да го спаси вториот дел од сезоната, ЕХФ не планира групната фаза да трае по 4 март. И за таа цел, сите одложени натпревари, а нив ги има 20 ги закажа во еднствениот термин во кој што можеше - во февруари. А во феврури веќе имаше закажано редовни кола. 



ЛШ маратонот треба да почне на 4 февруари, ќе трае цел месец, а сигурно ќе се одрази на националните првенства каде што исто така има многу неодиграни натпревари, особено во гломазните лиги какви што се во Шпанија, Франција и Германија. 
Ковид ќе биде тука и во февруари, тоа е неизбежно, па секое ново одложување, ќе значи и крај на шемата на ЕХФ за одигрување на овие средби и почеток на реализацијата на планот „Б“. 



Вардар е директно погоден од овој распоред и има седум натпревари од Лигата на шампионите во февруари. Ако ги додадеме и три од СЕХА, со вкупно 10 меча од кои само три во Скопје.
Ова ќе беше многу нехумано да се одигра дури и се да беше нормално, а во Ковид услови е практично невозможно, па дури и да не ги броиме средбите од СЕХА. 
Особено во делот во кој откако на 4 февруари гостува во Порто (ЛШ), доаѓа вистински хаос во кој на 9 февруари (ќе) гостува во Париз (ЛШ), на 11 во Флензбург (ЛШ), на 13 во Запорожје (СЕХА) на 14 во Сегед (ЛШ), потоа се враќа во Скопје каде на 17 треба да игра повторно со Сегeд... Во целото ова „купче“ недостасува и мечот со ПСЖ што треба да се игра во Скопје, а не е закажан. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk