Металург со минус три на полувреме

МЕТАЛУРГ - АОН ФАЈВЕРС (16-19)
Дупјачанец (1 сед), Ѓорѓески (3 одб), Серафимов 3, Хорват 3 (2), Лазаревски 1, Кондев 1, Рниќ 2, Канкараш 2, Кофилоски, Шилегов, Мариќ 2, Додиќ 1, Маркоски, Петковски, Тарабокија 1
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 2 мин.



Натпреварот со Фајверс не дојде во добар моментум за Металург, но сезоната досега беше таква, во иднина никој не може да предвиди каква ќе биде, па добар момент којзнае и дали ќе има. 

Брзо во рамки на две минути гостите поведоа со 3-0, користејќи еден промашен шута и една техничка грешка, пред Серафимов да го постигне првиот гол за Металург (1-3), а истиот играч намали и на 2-4.  Металург се врати резултатски во мечот откако Дупјачанец одбрани пенал, а потоа на спротивната страна, исто така од пенал, Хорват погоди за 3-4. 
Левото крило Ерик Дамбок беше голем проблем и постигна 4 од првите 5 гола за гостите. Одбраната на Металург му оставаше премногу простор, па Фајверс одново имаше плус три во деветтата минута 4-7. 



По десет минути игра сите елементи веќе јасно покажуваа дека Фајверс е во подобар ритам. Полесно се движеа низ теренот, топката „вртеше“ побрзо и со помалку пасови, притискаа со транзиција... И погодуваа, постигнаа девет гола од десет обиди, а единственото промашување им беше споменатиот седмерец на почетокот на мечот. 
Во 12 минута тренерот Оливер Димитриоски побара тајм аут, на семафорот беше 6-10, но прашање беше дали постои нешто што може да ја раздвижи екипата. 
Металург во напад со редовната доза на грешки и успеваше да постигне гол, но транзицијата и одбраната не беа на место, па веднаш и примаше и разликата од 4-5 гола стана стандардна на семафорот. 
Металург се приближи на 13-16 во 24 минута од првиот дел, по што гостинскиот тренер побара тајм аут. По ова Металург освои топка и имаше напад за минус два, но направи техничка грешка, а потоа прими гол и одново на семафорот беше минус четири ,13-17. 
Минута подоцна преку Мариќ и Канкараш, Металург дојде на минус два (15-17). Живна одбраната, се раздвижија работите на теренот и Австријците веќе немаа решение за секоја акција. 
По 30 минути, на семафорот беше 16-19. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk