Револт кон Бешикташ, комплицирано за Металург...

Девет натпревари се одиграа од петтото коло во Европската лига. Фаворитите веќе си резервираат место меѓу 16-те најдобри во овој Куп.



По пет одиграни кола, во кои има и бројни неодиграни натпревари, веќе се надѕира сликата на финалните табели во дел од групите, односно задачите што ги добиваат екипите стануваат јасни и конкретни. 
Така по вчерашното реми на АОН Фајверс со Адемар Леон, шансите на Металург да стигне до елиминациите се значително се намалија. 
Металург за пласман во следната рунда, ќе мора двапати да го совлада тимот на АОН Фајверс и на домашен терен да го совлада и Тулуз. Добродојдена ќе му е секоја друга победа, но реално, двата меча со Ч. Медведи ги игра во Русија, а од другото му остануваат два меча со топ фаворитот Висла Плоцк и домашен меч со Адемар. Освен ако Шпанците не дојдат во Скопје со автобус, реално, мали се шансите да се земат бодови на некој од овие натпревари. Затоа како најсигурна варијанта, засега ги гледаме дуелите со Фајверс и Тулуз. 

По вчерашното коло стигнаа отровни стрели кон ЕХФ од повеќе страни. На сметка на нивното рангирање и доделување на валјд карти. Причината е Бешикташ. 
Турците сезонава уште се кандидираа и за валјд карта во ЛШ, а откако не успеаја таму, добија место во групната фаза од ЕЛ. И тоа е нивна шеста вајлд карта во последните седум сезони. Доволно време за да го поправат квалитетот и да станат репрезентативен клуб, но... 

Бешикташ сезонава игра со 13 играчи, било дома било на гости. Губи со големи разлики, но вчера беше прелиена чашата откако на дуелот со ЦСКА во Москва, по 16 минути игра на семафорот беше 13-1. Овој резултат веројатно ја запечати иднината на Бешикташ и од следната сезона му предвидуваме квалификации. 

Од друга страна, фаворитите Берлин, Висла Плоцк, Монпеље, Рајн Некар и Магдебург се сигурни патници во елиминациите. Сите овие екипи имаат максимален скор, освен Магдебург кој има еден пораз. 


Резултати:
Група “А“:
Тулуз – Висла Плоцк  25:26 (12:14)
Фајверс – Адемар Леон  33:33 (19:20)

Табела:
1. Висла Плоцк 3 3 0 0 86 : 75 11 6
2. Адемар Леон 4 1 3 0 128 : 119 9 5
3. Феникс Тулуз 5 1 2 2 144 : 146 -2 4
4. АОН Фајверс 4 1 1 2 123 : 129 -6 3
5. Чеховски Медведи 2 1 0 1 59 : 58 1 2
6. Металург 2 0 0 2 61 : 74 -13 0

Следно коло (8 декември):
Чеховски Медведи – Металург
Висла Плоцк – Феникс Тулуз
Адемар Леон – АОН Фајверс
 
.
Група “Б“:
Кристијанштат – Татран Прешов  32:25 (14:13)
Фуксе Берлин – Динамо Букурешт  33:29 (15:12)
Спортинг Лисабон – Нимс  26:30 (12:15)
Табела:
1. Фуксе Берлин 3 3 0 0 98 : 79 19 6
2. Кристијанштат 5 3 0 2 138 : 133 5 6
3. Нимс 4 2 0 2 109 : 102 7 4
4. Спортинг Лисабон 3 2 0 1 85 : 82 3 4
5. Динамо Букурешт 4 1 0 3 105 : 118 -13 2
6. Татран Прешов 3 0 0 3 74 : 95 -21 0

Следно коло (8 декември):
Динамо Букурешт – Фуксе Берлин
Нимс – Спортинг Лисабон
Татран Прешов – Кристијанштат
.
Група “Ц“:
ЦСКА – Бешикташ  32:24 (21:9)
Нексе – Магдебург  24:32 (8:15)
Монпеље – Алингсас  32:21 (16:13)

Табела:
1. Монпеље 3 3 0 0 95 : 59 36 6
2. Магдебург 4 3 0 1 139 : 107 32 6
3. ЦСКА 3 2 0 1 91 : 79 12 4
4. Алингсас 4 2 0 2 106 : 112 -6 4
5. Нексе 4 1 0 3 91 : 107 -16 2
6. Бешикташ 4 0 0 4 87 : 145 -58 0

Следно коло (8 декември):
Бешикташ – ЦСКА
Алингсас – Монпеље
Магдебург – Нексе
.
Група “Д“:
Тримо Требње – Е. Пелистер  28:24 (14.12)
ГОГ – Татабања  – одложена за 9 декември
РНЛ – Кадетен Шафхаузен  – одложена

Табела:
1. Рајн Некар Ловен 3 3 0 0 97 : 78 19 6
2. Тримо Требње 2 2 0 0 56 : 50 6 4
3. Кадетен Шафхаузен 2 1 1 0 54 : 53 1 3
4. ГОГ 3 1 0 2 90 : 95 -5 2
5. Еурофарм Пелистер 4 0 1 3 98 : 111 -13 1
6. Татабања 2 0 0 2 52 : 60 -8 0

Следно коло (8 декември):
Татабања – ГОГ
Кадетен Шафхаузен – Р.НЛ
Еурофарм Пелистер – Тримо Требње
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk