ЕП 2022: Жестока битка и за најдобро трето место

Голем број одиграни, голем број одложени натпревари на стартот на Квалификациите за ЕП 2022 



Нема јасна слика како ќе течат квалификаиците за ЕП 2022. Ковид одложи многу натпревари ги измести силите на теренот, па од тие причини и без избегнати и некои потенцијални изненадувања, како на пример на мечот Германија - БиХ. Гостите дојдоа само со 11 играчи, не им беше дозволено одлагање, а водеа 13-9 на полувреме. Којзнае како ќе завршеше таа средба доколку Билал Шуман во тимот ги имаше Тарабокија, Паниќ, Вегар, Периќ, Сенјамин Буриќ, Малиновиќ, Врањеш, Терзиќ, ако не се повредеше Иван Карачиќ...



Веќе по првото коло, екипите од четвртата група, Литванија и Израел сериозно заостанаа во трката за четирите места од третопласираните екипи. Грција и Белгија се сериозни кандидати да им се приклучат, но нивните средби со Франција и Србија се одложени. Истото се однесува и за Летонија и Италија кои се аутсајдери во однос на Белорусија и Новешка. 

Сериозен чекор напред во оваа трка, пак, направија Украина и Русија. Со нерешениот резултат на меѓусебниот меч и фактот дека имаат реални шанси да извојуваат барем по една победа над Чешка, овие три репрезентации би обезбедиле пласман на ЕП. 

На хартија, ако нема изненадувања, остануваат три места кај третопласираните и четири репрезентации што ќе имаат реална шанса за тие три места. 


ГРУПА „1“
1. Коло:
Србија - Грција одл.
Франција - Белгија одл.
2. Коло:
Белгија - Србија одл.
Грција - Франција одл.

ГРУПА „2“
1. Коло:
Германија - БиХ   25-21
Австрија - Естонија  31-28
2. Коло:
БиХ - Австрија  недела
Естонија - Германија  недела

ГРУПА „3“
1. Коло:
Русија - Украина 27-27 (неутрален терен)
Ф. Острови - Чешка  одл.
2. Коло:
Украина - Русија сабота (н.т.)
Чешка - Ф. Острови  одл.

ГРУПА „4“
1. Коло:
Исланд - Литванија  36-20
Португалија - Израел  31-22
2. Коло:
Литванија - Португалија недела
Исланд - Израел одл.

ГРУПА „5“
1. Коло:
Холандија - Турција 27-26
Словенија - Полска одл. 
2. Коло:
Турција - Словенија недела
Полска - Холандија  одл.

ГРУПА „6“
1. Коло:
Белорусија - Италија одл.
Норвешка - Летонија  одл.
2. Коло:
Италија - Норвешка  недела
Летонија - Белорусија одл.

ГРУПА „7“
1. Коло:
Македонија - Финска  33-24
Данска - Швајцарија  31-26
2. Коло:
Швајцарија - Македонија  сабота
Финска - Данска сабота

ГРУПА „8“
1. Коло:
Ц. Гора - Косово  32-25
Шведска - Романија  33-30
2. Коло:
Косово - Шведска  недела
Романија - Ц. Гора недела

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk