ЕХФ го одложи следниот меч на Металург

Натпреварот од второто коло во Лига Европа, меѓу Металург и Висла Плоцк нема да се игра во предвидениот термин



ЕХФ денеска му одговори позитивно на барањето на Металург нивниот меч до Висла Плоцк да биде одигран во друг термин. 
Металург вчера дозна дека има и нов позитивен играч во тимот, ракометар кој тренирал и бил со екипата, па превентивно екипата е веќе во карантин. 

Металург го извести ЕХФ дека нема да биде во можност да ја игра средбата со полскиот вице-првак, денеска ЕХФ одговори како и на многу случаи претходно дека мечот се одложува и ќе се бара нов термин. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk