Екс вардарка ја заврши кариерата

Ракометарката Сања Вујовиќ, во најголем дел од кариерата позната како Сања Дамњановиќ реши да ја заврши кариерата на 33 години



Сања Дамњановиќ е српска ракометарка која две сезони (2015-2017) го носеше дресот на Вардар, а во одличната кариера има играно и за сите најдобри ју клубови како Подравка, Крим и Будуќност. Во дрес на репрезентацијата на има над 100 настапи и сребрен медал од мундијалот во Србија. 

Сања Дамњановиќ денеска официјализираше крај на кариерата, објавија српските медиуми. Таа има 33 години, едно дете и омажена е со Стефан Вујовиќ, ракометар што во два наврата играше за Вардар, а во 2016 играше и за Металург. Во моментов е играч на Мотор Запорожје. 

Сања и Стефан, планираат проширување на семејството и тоа ќе биде крајот на играчката кариера на 33 годишниот бек шутер. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk