Откажа срцето на легендарниот играч

Еден од најдобрите ракометари на некогашната генерација на „вонземјани“, југословенската репрезентација што во 1986 го освои златото на Светското првенство и член на непобедливата Металопластика од осумдесеттите, Златко Портнер, почина вчера во Швајцарија, каде што работеше.



Откажало срцето на 58 годишниот ракометар. Брзата помош се обидела да го реанимира, но било предоцна. 

Златко Портнер има освоено две шампионски титули во ЛШ и седум во Југославија. По Металопластика играше во Барселона со која исто така стана европски првак, потоа во Франција, па во Швајцарија. 

Со Југославија освои злато на СП 1986 и бронза на ОИ Сеул 1988. 

Семејната традиција ја продолжува неговиот син Никола Портнер кој е голман и има швајцарско државјанство. Брани за Монпеље со кого стана европски првак во 2018 година. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk