Тиквеш со цел плен од Битола!

Е. ПЕЛИСТЕР 2 - ГРК ТИКВЕШ   29-30 (16-19)
Е. Пелистер 2: Ј. Талевски 8, С. Талевски 7, Дрогришки 5, Петровски 2, Стоилевски 3, Арсеновски 2, Блажевски 1, Димитровски 1
ГРК Тиквеш: Симиќ 11, Јанчев 8, Медиќ 3, Гошевски 2, Ѓоргиевски 2, Лазов 1, Смиљаниќ 1, Коцев 2



ГРК Тиквеш од Кавадарци ја прекина серијата од три порази по ред на доста импресивен начин, со триумф  над Е. Пелистер 2 во Битола. 
Кавадарчани веќе беа натерани во ќош, без шанса за назад и евентуален пораз можеби ќе ги однесеше во позиција да треба рано да менуваат во тимот. Но, на мечот што во некоја рака и беше за нив последната шанса да се фати приклучок и задржат шансите за плеј оф, победија. 

Страхиња Симиќ со 11 гола од кои девет од игра и Јане Јанчев со 8 (1), го поведоа Кавадарци до 3-1 и 4-2. Потоа домашните израмнија на 4-4 пред Тиквеш со серија од 5-0 да дојде до 9-4 и потоа таа разлика успешно да ја одбрани до крајот на полувремето во кое дадоа уште 10, а примија 12 гола. 

Во вториот дел имавме 17-19 и 18-20, пред гостите со 3-0 да дојдат до 23-18 и од тој момент разликата ниту еднаш не се спушти под три гола се до последните минути.

Кавадарци имаше навидум безбедни 29-27, но Стефан Талевски, а потоа и Дарио Петровски погодија за реми 29-29. 
Решавачкиот гол на натпреварот со кој гостите заминаа со трите бода го постигна Страхиња Симиќ. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk