Вардар - Елверум одложено?

Натпреварот меѓу Вардар и Елверум од второто коло од ЛШ се чини ќе биде презакажан



Како што неофицијално дознаваме, дуелот од второто коло од Лигата на шампионите што требаше да се игра во Скопје во четврток на 24 септември ќе биде одложен. 

Норвежаните барале од ЕХФ нов термин за средбата со актуелниот европски првак. Причините се протоколите за патувања и задолжителен карантин по враќањето од Македонија. 

Очекуваме официјална потврда или пак демант на оваа информација, затоа што засега ниту клубовите ниту пак ЕХФ официјално има нешто променето околу терминот на натпреварот. 

Елверум и првиот меч требаше да го игра на домашен терен, но Порто ќе требаше да седи во карантин кај нив, па затоа и се променија домаќинствата на натпреварот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk