Франција со план „Б“ - играње по групи

Франција го откри планот „Б“ за доигрување на првенството доколку има Ковид проблеми



Франција е една од земјите што има развиен ракомет и професионални Прва и Втора лига. Тие не менуваа во системот на натпреварување, но имаат план Б доколку работите тргнат во несакана насока. 

Нивниот шампионат е врзан со ТВ преноси од кои клубовите заработуваат суми што не се занемарливи и следствено не можеа од „прва“ да донесат нов систем, но ако Ковид се засили, тогаш ќе менуваат. 

Планот на Франција е да се играат групи. Тоа би биле четири групи со по четири тима од каде победниците би продолжиле во плеј оф, второпласираните би играле во друга група, третопласираните исто, последните би се бореле за опстанок. 

Сегашниот дел од првенството би бил прекинат и би служел само за одредување на шеширите. 

Во Македонија, односно македонскиот ракомет се разгоре Ковид, но системот на РФМ засега е чекор понапред од ситуацијата, односно тоа што во Франција би можело да се случи, кај нас веќе се случува и натпреварувањето не трпи премногу. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk